Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека Европа треба да биде внимателна поради напорите на Русија да го дестабилизира Западен Балкан во време кога води војна во Украина, пренесува Асошиетед прес.
Бурбок за новинарите во Берлин изјави дека „таквите потези и претходеле на руската воена инвазија на Украина, и покрај тоа што Москва сè уште негира дека подготвува напад“.
„Слична руска поддршка за сепаратистичките движења во Босна и Херцеговина, на пример, може да ги загрози интегритетот и суверенитетот на Западен Балкан“, рече Бербок по средбата со хрватскиот министер за надворешни работи Горан Грлиќ Радман.