Бербок за можното испраќање европски мировни сили во Украина: Ниту еден војник нема да биде испратен во оваа жешка војна

од Milan1
98 прегледи

Тековната дискусија за можното испраќање европски мировни сили во Украина е предвремена, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналенa Бербок.

„Ниту еден војник нема да биде испратен во оваа жешка војна“, изјави Бербок за јавниот радиодифузен сервис „ЗДФ“, пренесува агенцијата „ДПА“.

Дебатата во европските земји започна по едностраното соопштение на американскиот претседател Доналд Трамп за мировните преговори меѓу Украина и Русија.

Трамп и други високи американски претставници, исто така, рекоа дека американските трупи нема да учествуваат во каков било мировен аранжман во Украина.

Бербок денеска истакна дека „одржувањето мир е европска задача“ и дека за каков било договор за Украина не може да се преговара без учество на Украина и Европа.

Германскиот канцелар Олаф Шолц даде слични забелешки по состанокот на европските лидери во Париз во понеделникот, свикан од францускиот претседател Емануел Макрон за да разговараат за можните придонеси од европските земји за мировниот договор за Украина.

Коментирајќи ја денешната средба на високи американски и руски претставници во Саудиска Арабија, Бербок оцени дека тоа е можност САД и Русија да воспостават контакт.

„Не смееме сега да направиме огромна грешка и да му направиме услуга на рускиот претседател Владимир Путин со тоа што ќе направиме разговорите да изгледаат поголеми отколку што навистина се, рече Бурбок.

Слични содржини