По неколкумесечно отсуство од собраниската сала, поранешниот албански претседател, експремиер и актуелен пратеник, Сали Бериша, денеска од собраниското столче упати тешки обвинувања на адреса на премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша.

Тој побара парламентот да расправа за отворање истрага против ” двете глави на медузата”, според него, Рама и Баша.

Против двајцата политичари, смета тој, треба да се почне истрага за перење пари, преку криминални дејствија.

-Доколку сакаме да бидеме сериозни во борбата на овој грозен криминал кој ги храни сите други видови криминали, вклучително и тероризмот, треба да спроведеме темелна истрага, како за главата на медузата (Рама),која испра над 200 милиони евра, така и за неговиот заложник (Баша), чие прашање го затвори во Апелацискиот суд и не го испрати до Врховен со посебна наредба, обвини Бериша.

Додека продолжи да зборува со остар и навредлив тон претседателката на законодавниот дом, Линдита Никола му го исклучи микрофонот, но тоа не го спречи да продолжи со обвинувањата и без микрофон.

Откако во септември Баша го исклучи Бериша од пратеничката група на демократите, тој со уште шест пратеници, негови подржувачи седат оддвоено од останатите нивни сопартијци.

Слични содржини