Берлускони ослободен, не плаќал за секс со малолетнички

од Vladimir Zorba

 Италијанскиот суд ја потврди ослободителната пресуда за Силвио Берлускони по обвинението дека плаќал за секс на малолетна танчерка, а потоа ја злоупотребил својата премиерска позиција тоа да го прикрие. По деветчасовно заседавање, судиите донесоа ваква одлука со која му се овозможува на Берлускони да задржи значајна улуга во италијанската политика, пренесува АФП.

берлуско

78 годишниот Берлускони во 2013 година беше осуден за ова дело, но по поднесената жалба пресудата е укината.

 На укинувањето на пресудата од седум години затвор и доживотна забрана за вршење на јавни функции се жалеше обвинителот Едуардно Скардачоне кој на вчерашното сослушување рече дека Берлускони има „апетит на змеј“ кон тинејџерки и дека поради неговите објаснувања за овој случај „достојни за филмови на Мел Брукс“ цел свет и се смее на Италија зад грб.Берлускони негираше дека платил за секс на 17 годишната Мароканка Карими Ел Махруг, која подоцна е уапсена за кражба, туку дека само сакал да и помогне затоа што мислел дека е роднина на тогашниот египетски претседател Хосни Мубарак.

Слични содржини