Бесен по поразот во Вашингтон, Трамп ја нарече Хејли „птичји мозок“

Намерно стоев настрана од гласањето во дистриктот Колумбија зашто тоа е „мочуриште“, многу малку делегати и никаква корист, посочи тој

од Бети Божиноска
491 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп жестоко ја прозва својата републиканска ривалка Ники Хејли, нарекувајќи ја „птичји мозок“ и обидувајќи се да го намали значењето на нејзината победа на републиканските внатрепартиски избори во Вашингтон, пренесува „Њузвик“.

Трамп ја нарече Хејли – неговата единствена сериозна ривалка за претседателската номинација – „губитник“ откако таа со 62,8% наспроти 33,2% победи во неделната трка во престолнината на САД која коси само 19 од 1.215 делегати колку што се најмалку потребни за кандидатот да ја освои претседателската номинација на Републиканската партија.

„’Птичјиот мозок’ е губитничка, имаш рекордно ниски резултати во буквално сите сојузни држави. ‘ДеСанктус’ (гувернерот Рос де Сантис н.з.) без проблем ја победи во Ајова и го освои второто место со ГОЛЕМА РАЗЛИКА, а потоа таа отрча на сцената, пред тој да добие шанса да го стори тоа и прогласи побда,“ наведе Трамп на својата социјална мрежа Тruth Social.

„Уживам да гледам како ‘Птичји мозок’ се одрекува од ВЕТУВАЊАТА до Републиканската национална конвенција и својата изјава дека НИКОГАШ нема да се кандидира протв пртседателот Трамп (Голем претседател). Епа се кандидираше, излажа и доживеа ГОЛЕМ ПОРАЗ,“ додаде тој.

Трамп се занимаваше и со внатрепартиските избори на републиканците во Вашингтон.

„Намерно стоев настрана од гласањето во дистриктот Колумбија зашто тоа е „мочуриште“, многу малку делегати и никаква корист,“ посочи тој.

Во друг пост, поранешниот американски претседател порача и дека „навистина големите броеви ќе стигнат на Супервторникот“, мислејќи притоа на републиканските внатрепартиски избори што утре с одруваат во 15 сојузни драви и во Американска Самоа, територија што им припаѓа на САД.

„Освен тоа, МУ ДОАЃА КРАЈОТ И НА РАСИПАНИОТ ЏО,“ заклучи Трамп, употребувајќи ја навредата што ја користи за актуелниот претседател од редот на демократите, Џо Бајден.

Слични содржини