Без струја делови од Гази Баба, Сарај, Арачиново и Илинден

од Илинка Илиоска
9 прегледи

Дел од корисниците од населба Железара во општина Гази Баба и  објектите околу градинката, од 8 до 12 часот денеска ќе немаат електрична енергија.

Како што информира РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 8 до 9 часот утрово струја ќе немаат дел од корисници од село Крушопек во општина Сарај, од 9:30 до 10 часот корисниците од село Арачиново во општина Арачиново и во истиот период (9:30 до 10:00) и корисниците од селата Брњарци и
Сингелиќ во општина Гази Баба.

Без електрична енергија денеска од 8:30 до 14 часот ќе бидат и корисниците од селата Дељадровци,
Текија и Миладиновци во општина Илинден.

Слични содржини