Безос го совладаа емоциите: Вака го дочека враќањето на Лорен Санчез од вселената

од Milan1
123 прегледи

Денеска, првиот екипаж составен од жени тргна на патување кое траеше 11 минути, при што стигнаа до работ на вселената и назад.

Историскиот лет на ракетата Њу Шепард на Ориџин, која денеска ја однесе првата целосно женска екипа во вселената, донесе неочекувана глетка за време на слетувањето кога Џеф Безос, милијардерот и сопственик на Блу Ориџин, преплавен од емоции втрча во прегратките на својата вереница.

Сопственикот на Амазон и еден од најбогатите луѓе денес тешко ги криеше емоциите додека ја поздравуваше Лорен Санчез при излегувањето од ракетата. Штом стапнала на Земјата, таа се залетала во неговите прегратки, а тој страсно ја бакнал, што е глетка што не се гледа толку често.

Летот траеше само 11 минути, но остави длабока трага. Шест жени – новинарката Гејл Кинг, пејачката Кејти Пери, свршеницата милијардерка Лорен Санчез, филмската продуцентка Каријан Флин, поранешната научничка на НАСА Ајша Боу и активистката за човекови права Аманда Нгуен, стигнаа до работ на вселената и повторно се вратија на Земјата.

„Леле! О Боже мој, погледни ја Месечината!“ се слушна во кабината за време на преносот во живо, додека патниците уживаа во глетката која секогаш им го одзема здивот на луѓето.

Новинарката Гејл Кинг откри дека долго размислувала за учество во мисијата. Пресудна била порака од нејзината долгогодишна пријателка Опра Винфри.

„Мислев дека ќе се обиде да ми одговори, а таа рече: „Навистина мислам дека треба. Ако не отидеш, а тие се вратат, ќе ти биде жал. И не сакам да те слушам како се жалиш за тоа во следните неколку години.“

Кога се отворила вратата од капсулата, Кејти Пери излегла по Лорен Санчез. Пејачката, очигледно преплавена од емоции, клекнала и ја бакнала земјата.

Слични содржини