288
Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина испрати протестна нота до Министерството за надворешни работи на Црна Гора откако вчера претседателот на Собранието, Андрија Мандиќ беше домаќин на Милорад Додик, а по тој повод беше истакнато знамето на Република Српска, а не на БиХ, е потврдено за локалните медиуми.
По средбата, Мандиќ и Додик одржаа медиумска конференција на која исто така не беше истакнато знамето на државата Босна и Херцеговина, туку само на Црна Гора и на Република Српска.
Дополнително, Мандиќ на прес-конференција рече дека „РС и ФБиХ ја создале БиХ“. Тоа не беше првпат Мандиќ да го игнорира знамето на БиХ.