Бил Гејтс инвестира пари во ТАЕН СТАРТАП: Нивната цел е БЕСКОНЕЧЕН ИЗВОР НА…

од Vladimir Zorba
797 прегледи

Тајната стартап компанија од Денвер, „Колома“, собра 91 милион долари од инвеститорите за да дупчат во земјата и да извлечат водород од неа. Ако успеат во ова, ќе ја променат енергетската слика на целиот свет и ќе создадат пазар вреден илјадници милијарди долари.

Водородот што се пумпа околу тектонските плочи е нова форма на енергија што може да се најде во огромни, речиси неисцрпни резерви. Том Дара, ко-основач и главен технички директор на „Колома“ и експерт за пумпање на водород, верува во неговиот потенцијал.

Компанијата „Колома“, основана пред две години, работи тивко и далеку од љубопитните очи. Тие направија пробно дупчење некаде на американскиот среден запад, а примероците анализирани од Универзитетот Колумбус покажаа дека тоа е најчистиот можен водород.

По објавата дека собрале дури 91 милион долари, во „Колома“ објавија кој им ги дал парите. Покрај Бил Гејтс и неговата компанија Breakthrough Energy Ventures, капиталот го обезбедија Energy Impact Partners, Evōk Innovations, Prelude Ventures и Piva Capital. Со 91 милион долари, „Колома“ стана најкапитализираниот стартап во светот во сегментот на испумпување на водород.

Денес глобалниот пазар на водород вреди околу 120 милијарди долари, а годишно се трошат околу сто милиони тони од овој гас. Најголемиот дел од водородот се добива како нуспроизвод на пумпање на природен гас, што резултира со високи емисии на стакленички гасови.

Но, американската влада го гледа како евтин извор на енергија и речиси целосно чист доколку се испумпува директно од под тектонските плочи. Преку нивниот Закон за инфраструктура, кој беше усвоен од администрацијата на Џо Бајден во 2021 година, 9,5 милијарди долари се наменети за стимулирање проекти кои ќе создадат услови за негово комерцијално исплатливо извлекување.

Научниците веруваат дека чистиот водород може целосно да ги замени фосилните горива – јаглен, нафта и гас. Банкарите на Голдман Сакс тврдат дека вредноста на тој пазар ќе скокне на трилион долари до 2050 година.

„Колома“ сè уште не ги објавила своите комерцијални операции, но доколку дупчењето биде успешно и се најде исплатлив начин за екстракција на водород, нивните приходи ќе бидат во десетици милијарди долари, пишува Форбс.

Откритието дека Земјината кора е преполна со водород може драматично да ја забрза борбата против климатските промени. Според некои научници, има трилиони тони водород под земја, но единственото нешто што е нејасно е како да се дојде до него на евтин и профитабилен начин.

Најголем проблем во таквите операции е високата запаливост на гасот. Но, штом ќе се „стабилизира“ и ќе се пренесе во горивни ќелии, може да произведе целосно чиста енергија и само еден нуспроизвод – обична вода.

Со други зборови, автомобилите напојувани од водородни горивни ќелии ќе испуштаат вода наместо смог и чад.

Слични содржини