Бил Гејтс влегува во нов бизнис, ќе гради нуклеарни централи

Планирано е нуклеарната елекрана да почне со работа во 2030 година и ќе овозможи производство на поефтина, посигурна и еколошки поприфатлива енергија.

од Бети Божиноска
147 прегледи

Компанијата „Тера пауер“, чиј коосновач е американскиот бизнисмен и филантроп Бил Гејтс, наскоро во САД ќе почне да гради нукеларни електрани од новата генерација, пренсува „Фајненшл тајмс“.

Извршниот директор на компанијата, Крис Левеск, тврди дека негоавата фирма ќе ја започне изградбата на локација во близина на сегашната термоелектрана во Кемерер, во сојузната американска држава Вајоминг, во јуни.

Изградбата ќе почне дури и ако дотогаш не ги добијат сите потребни дозволи од надлежните служби. Планирано е нуклеарната елекрана да почне со работа во 2030 година и ќе овозможи производство на поефтина, посигурна и еколошки поприфатлива енергија.

За ладење на реакторите, куклеарната централа ќе користи течен натриум наместо вода, што го прави процесот поефтин. Се очекува нивниот натриумски реактор да чини четири милијарди долари, а половината од трошоците же ги покрие Министерството за енергетика на САД.

„Тера пауер“ веќе собрала една милијарда долари од инвеститорите. НИС само лани вложи речиси 802 милиони долари во екелошки проекти.

„Повеќето работи на локацијата во Кемерер на почетокот нема да бидат за нуклеарна активност,“ посочи Левеск, исталнувајжи ка предноста од користењето натриум за ладење на постројката.

Бил Гејтс помогна во основањето на компанијата „Тера пауер“ во 2006 година и оттгаш е нејзин претседател. Компанијата истакнува дека нејзина цел е да му обезбеди на светот попристапен, посигурен и еколошки поприфатлив вид нуклеарна енергија.

Иако руските и кинеските државмни компании веќе успеаја да покренат мали нуклеарни реактори, напредокот во развојот на слиќна технологија во САд во последните неколку години заостанува.

Слични содржини