259
Американскиот пејач, текстописец и пијанист Били Џоел го објави својот прв сингл по 17 години – „Turn The Lights Back On“, пренесе Стандард лајф.
Објавената балада е првата авторска песна на добитникот на Греми наградата по песната „All Mi Life“ во 2007 година. Истата година следуваше песната „Christmas in Fallujah“ со Кас Дилон.
13-от и последен студиски албум на Џоел, „Fantasies & Delusions“, беше објавен во 2001 година.
Били Џоел се прослави во 1970-тите и е познат по хитовите како „Piano Man“, „Uptown Girl“ и „We Didn’t Start the Fire“.
Неодамна на социјалните мрежи објави дека доаѓа нов „материјал“. Работел на сингл со продуцентот Фреди Векслер.
Во наредните месеци тој планира да настапи низ САД, како и во Кардиф, Обединетото Кралство.