Бислими: Белград се обиде да наметне неприфатливи теми за Приштина

од Илинка Илиоска
97 прегледи

Главниот преговарач на Приштина во дијалогот со Белград,  Бесник Бислими, изјави дека трилатералната средба во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина денеска не се одржа во Брисел бидејќи, како што тврди, српската страна ја условила агендата на средбата со барања кои се неприфатливи за Приштина.

Бислими од Брисел, по средбата со претставникот на ЕУ Мирослав Лајчак, изјави дека поканата на Лајчак е многу јасна и дека се предложени темите на билатералната средба.

-Тогаш беше речено дека на трилатералната средба ќе се разговара за начинот на кој понатаму ќе се разговара за договорот за нормализација, а може да се решаваат и други теми доколку има договор меѓу двете страни, рече Бислими, пренесе Коха.

Тој додаде дека Приштина го потврдила учеството на трилатералната средба, но, како што тврди, Белград „одби да влезе со таа агенда и побара да се воведат свои теми кои се за политичка употреба, за што ние не се согласивме“.

Во Брисел денеска се одржаа одделни билатерални средби на главните преговарачи на Белград и Приштина со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак.

Слични содржини