Биткоинот достигна нова рекордна вредност од 95.000 долари

од Milan1
15 прегледи

Биткоинот денеска се искачи на ново рекордно високо ниво од 95.000 долари, по извештаите дека компанијата за социјални медиуми на Доналд Трамп преговара за купување на фирмата за трговија со криптовалути Bakt (BKKT.N), зголемувајќи ги очекувањата дека новата американска администрација ќе има пријателски став кон криптовалутите.

Вредноста на најголемата и најпозната криптовалута во светот оваа година се зголеми за повеќе од двојно, а последната рекордна цена достигната денес е 94.982,37 долари денес, пренесува „Ројтерс“.

Биткоинот порасна за повеќе од 40 отсто по претседателските избори во САД на 5 ноември, бидејќи трговците се обложија дека потврдената посветеност на Трамп за поддршка на криптовалутите ќе доведе до помалку рестриктивно регулаторно опкружување, што ќе го подигне секторот како целина.

Претходно неделава, „Вол стрит џурнал“ објави дека Трамп имал приватна средба со извршниот директор на крипто берзата „Коинбејс“, Брајан Армстронг, што дополнително ја зголеми довербата во криптовалутите.

Сето ова ја подигна вредноста на глобалниот пазар на криптовалути на рекордно високо ниво од повеќе од три трилиони долари, според анализата на податоците на „Коингеко“.

Слични содржини