Принцезата Дијана имаше 36 години кога таа и Доди Фајед загинаа откако нивниот автомобил удри во столб во париски тунел во 1997 година.
Француската организација АДМД, која се залага за евтаназија, на социјалните мрежи објави реклама во форма на постер кој ја пресоздава сцената во парискиот тунел од 1997 година каде почина принцезата Дијана. Рекламата покажува слика од оштетен автомобил во тунел со натпис: „Дијана не ја избра својата смрт… во 2024 година треба да имаме избор“.
Рекламата наиде на жестоки критики, при што пријателите на покојната принцеза и политичарите го опишуваат како „одвратен, низок и грд“.
“Ова е сурово и опортунистичко. Дијана беше искористувана во текот на нејзиниот живот, а сега се искористува нејзината смрт”, изјавила за Дејли Меил бароницата Роза Монктон, која била блиска пријателка на принцезата.
Палатата Кенсингтон, исто така, изрази лутина и вознемиреност поради употребата на нејзината трагична сообраќајна несреќа во рекламата.
Рекламата беше повлечена по серија осуди. Француска организација за евтаназија призна дека „можеби навредила некои луѓе“ откако биле нападнати.
„По коментарите на социјалните мрежи за кампањата, чии визуелни елементи можеби навредиле некои луѓе, беше одлучено веднаш да се повлече. АДМД им се извинува на оние кои беа шокирани од изборот на сликата“, напишаа во соопштението.
