Блинкен: Израел прифатил предлог за прекин на огнот

од Milan1
29 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска во Тел Авив дека Израел го прифатил предлогот за надминување на разликите што спречуваа прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа и го повика Хамас да го стори истото.

Блинкен тоа го изјави вечерва по двоиполчасовната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржана во Ерусалим, а пред утрешната очекувана посета на Египет.

САД, Египет и Катар со месеци се обидуваат да постигнат договор.

Блинкен не кажа дали предлогот за премостување на јазот се однесува на барањата на Израел за контрола на двата стратешки коридори во Газа, за кое Хамас не се согласува или други прашања што долго време ги попречуваат разговорите.

„На многу конструктивен состанок со премиерот Нетанјаху денеска, тој ми потврди дека го поддржува предлогот да се премости (јазот). Следниот важен чекор е Хамас да каже „да““, рече Блинкен.

Слични содржини