Блинкен: Не сакаме војна со Русија, но подготвени сме на неа

од Milan1
292 прегледи

НАТО ќе ги брани сите свои сојузници и територија од рускиот напад, изјави во петокот американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој пристигна на состанокот на министрите за надворешни работи на алијансата во Брисел.

„Нашата алијанса е одбранбена. Ние не бараме никаков конфликт. Но, ако дојде до конфликт, ние сме подготвени за тоа и ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО“, изјави тој за новинарите, осудувајќи ги, како што ги нарече, руските напади врз цивилите во Украина.

„Во текот на ноќта, исто така, видовме извештаи за напад на нуклеарна централа. Ова само ја покажува непромисленоста на оваа војна и важноста да се стави крај и важноста да се повлечат сите нејзини руски војници и да се ангажираат со добра волја во дипломатските напори“, истакна Блинкен.

Слични содржини