Блинкен разговараше со Ел Сиси за деескалација на тензиите меѓу Израел и Палестина

од Radmila Tasevska
138 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес разговараше со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси за начините за деескалација на тензиите меѓу Израел и Палестина, како дел од неговата тридневна посета на земјите од Блискиот Исток.

По пристигнувањето во Египет, Блинкен рече дека сака да го зајакне „стратешкото партнерство“ меѓу Вашингтон и Каиро, кој е американски воено-трговски партнер и посредуваше во израелско-палестинскиот конфликт во минатото, пренесува Ројтерс.

Блинкен се среќава со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри и подоцна денес ќе отпатува за Ерусалим на разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради загриженоста дома и во странство за политиката на новата израелска десничарска влада.

Слични содржини