Блинкен со оптимистички најави: Можен е договор за прекин на огнот во Газа

од Симе Стоиков
171 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека се намалуваат разликите во преговорите меѓу Израел и Хамас за нов прекин на огнот и ослободување на заложниците и дека е многу можно да се постигне договор.

Блинкен ја остварува својата шеста посета на регионот од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас. Шефот на американската дипломатија по посетата на Саудиска Арабија денеска е во Египет, а утре во Израел.

Во интервју за саудиските медиуми, тој рече дека посредниците во преговорите работат со Израел за да се донесе сериозен предлог на маса.

„Хамас го отфрли тој предлог, но се врати со други барања на кои работат посредниците, додаде Блинкен.

„Разликите се стеснуваат и мислам дека договор е многу можен“, рече американскиот државен секретар.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека најмалку 31.819 Палестинци се убиени во израелската офанзива по нападите на палестинските екстремисти предводени од Хамас во јужен Израел.

Слични содржини