171
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја потврди посветеноста на администрацијата на Бајден за „успехот на Украина“ во отпорот на руската агресија.
На прес-конференција во петокот во Њујорк, Блинкен рече дека Америка значително ја зголемила поддршката за Украина со објавување на пакет помош во вредност од над осум милијарди долари.
„Преземавме важни чекори за поддршка на народот на Украина, кој продолжува да се брани од тековната руска агресија и продолжува да го брани својот суверенитет и независност, нивното право да одлучуваат за својата иднина“, рече Блинкен, додавајќи дека овие пари треба да бидат доволни до крајот на мандатот на актуелната администрација, пренесува Гласот на Америка.