Блинкен: Украина мора да донесе тешки одлуки за дополнителна мобилизација

од Milan1
39 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја повика Украина да одлучи за дополнителна воена мобилизација за потребите на борбата против руската инвазија, пренесоа британските медиуми.

-Украина мора да донесе тешки одлуки за дополнителна мобилизација, но тоа се неопходни одлуки, изјави денеска Блинкен по завршувањето на дводневниот состанок со министрите за надворешни работи на земјите од НАТО во Брисел.

Американскиот секретар тврди дека „ова е клучно затоа што дури и со пари, дури и со муниција, мора да има луѓе на линијата на фронтот за да се справат со руската агресија“.

Слични содржини