Блокирана задолжителната вакцинација на илјадници здравствени работници во 10 американски држави

од Milan1
243 прегледи

Федералниот суд вчера ја суспендираше одлуката на американската Влада за наметнување задолжителна вакцинација против Ковид-19 на илјадници здравствени работници во 10 држави, кои беа првите што поднесоа жалба против таквото барање.

Во судската одлука се вели дека федералните Центри за медицинска нега и помош немаат експлицитни овластувања од Конгресот да воведат задолжителни вакцини за давателите на здравствени услуги кои учествуваат во двете владини програми за здравствена заштита на стари и изнемоштени лица, лица со посебни потреби и сиромашни.

Прелиминарната одлука, издадена од федерален судија во Сент Луис, се однесуваше на група од десет држави кои поднесоа заедничка жалба: Алјаска, Арканзас, Ајова, Канзас, Мисури, Небраска, Њу Хемпшир, Северна Дакота, Јужна Дакота и Вајоминг. Слични случаи се водат и во други држави.

Правилата усвоени од федералната Влада бараат вакцинација против Ковид-19 на повеќе од 17 милиони вработени низ целата земја во околу 76.000 здравствени установи и даватели на здравствена заштита во домовите, кои се финансирани од владините здравствени програми. Вработените мора да ја примат првата доза вакцина до 6 декември, а втората до 4 јануари.

Слични содржини