„Блумберг“: Германската економија е во блага рецесија

од Milan1
67 прегледи

Во третиот квартал од 2024 година германската економија благо падна за 0,1 отсто, а на крајот на 2024 година нема да забележи раст, туку стагнација, се вели во прогнозата што денеска ја објавија аналитичарите на „Блумберг“.

Доколку се остварат предвидувањата, тоа би значело дека Германија по два последователни квартали економски пад од 0,1 отсто, моментално е во техничка рецесија. Според прогнозата на експертите на „Блумберг“, Германија следната година се очекува да доживее скромен економски раст од 0,8 отсто.

Индустријата и понатаму е „Ахилова пета“ на Германија, коментира аналитичарот на Рабобанк, Ерик-Јан ван Харн. Проблемите на германската економија главно се должат на прекинот на испораките на енергија од Русија, разочарувачката извозна побарувачка од Кина, проблемите во автомобилската индустрија и недостатокот на квалификувани работници.

Германија, исто така, би можела да ја заврши оваа година со економски пад, изјави минатата недела претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел.

Според него, веројатно е дека втората половина од оваа година ќе биде слаба и не може да се исклучи дека Германија ќе доживее блага рецесија во 2024 година, по економскиот пад од 0,3 проценти во 2023 година, објави Њујоршката агенција, а пренесува „Танјуг“.

Слични содржини