Блумберг: Маск во Кина се согласи да соработува со технолошката компанија Baidu

од Симе Стоиков
396 прегледи

За време на посетата на Кина, американскиот претприемач и извршен директор на Тесла, Илон Маск се согласил да соработува со кинеската технолошка компанија Baidu, објави Блумберг, повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Според изворите на њујоршката агенција, Тесла и Baidu заеднички ќе развиваат системи за мапирање и навигација кои се дел од програмата за автономно возење FSD (Full Self-Driving).

Новите договори би можеле да го запрат падот на приходите на Тесла во Кина, според Блумберг.

Слични содржини