„Блумберг“: Мохамед бин Салман сакал и Зеленски да присуствува на историскиот состанок, но САД и Русија одбиле

од Milan1
76 прегледи

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман побарал украинскиот претседател Володимир Зеленски да учествува на денешната историска средба меѓу Русија и САД што се одржа во Ријад, но двете страни, и Американците и Русите, инсистирале средбата да се одржи без Украинците. Ова го објави „Блумберг“, повикувајќи се на извор запознаен со ситуацијата.

Денеска во Ријад рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот на Путин за надворешна политика Јуриј Ушаков се сретнаа со американската делегација претставена од државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Валц и специјалниот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф.

Извор на Блумберг рече дека престолонаследникот сакал да го вклучи Зеленски во разговорите, но двете страни, Русија и САД, инсистирале дека средбата мора да се одржи без Украина.

Изворот, исто така, истакна дека саудискиот владетел планира да го информира украинскиот претседател за улогата на Кралството во организирањето на состанокот и за неговите разговори со руски и американски претставници.

По денешните разговори меѓу руската и американската делегација, Зеленски најави дека ја одложува посетата на Саудиска Арабија.

„Не бевме поканети на оваа руско-американска средба во Саудиска Арабија. Не сакам никакви случајности, затоа не одам во Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека неговата посета ќе биде одложена за 10 март.

Слични содржини