Вечерашната полуфинална вечер на Икс Фактор Адриа беше уште едно изненадување за сите! Во вечерта на тема „Песна со посвета“ полуфиналистите одбраа песни кои им лежат на срце и со кои сметаа дека најубаво ќе се претстават себе си и ќе ги освојат гласовите за влез во суперфиналето на регионалното шоу. 
„Counting Stars“ која Боби Мојсовски ја посвети на неговите родители, се покажа како добар потег. Со многу пофалби од жирито и доволно гласови од публиката тој си обезбеди место во Комбанк арената следната недела. 
Помалку среќни избори направија Антонио и Аднан и Тарик. Антонио излезе директно од натпреварувањето бидејќи доби најмала поддршка од публиката, а Аднан и Тарик се бореа наспроти Магдалена со песната за спас. Жирито, сепак, не можеше да одолее на неверојатниот вокал на Магдалена и се одлучи таа да застане во редот со суперфиналистите следната емисија.