Бојмацалиев: Внатрешната контрола на МВР да го истражи нападот на полициски службеник врз колега

од Radmila Tasevska

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска на социјалната мрежа Фејсбук го осуди инцидентот што ноќеска се случил во угостителски објект во Скопје, кога полициски службеник нападнал друг колега кој извршувал службени дејствија. Побара случајот да го расветли внатрешната контрола на МВР.

-Згрозен сум од чинот што се случи ноќеска кога колега полициски службеник нападнал друг колега пред угостителски објект којшто во тој момент извршувал службени дејствија. Напад врз полициски службеник е напад на држава! Истиот е лишен од слобода и повикувам внатрешна контрола и СВР Скопје да постапат соодветно и максимално професионално. Македонската историја не памети ваков случај на поранешен висок полициски функционер да нападне и спречи свој колега во извршување на својата службена должност, напиша Бојмацалиев на Фејсбук.

Според него ова е преседан преседан во полициското работење.

– Повикувам максимално професионално да се расветли овој случај во интерес на граѓаните и државата, посочува Бојмацалиев.

Слични содржини