Бојмацалиев во посета на Центарот за обука во Идризово: Ги подобруваме условите со целосна реконструкција

од Симе Стоиков
245 прегледи

Заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, денеска беше во работна посета на Центарот за обука во Идризово, каде беше презентирана полициско тактичко теренска обука од страна на кандидатите за полициски службеници коишто се на обука во Центарот за обука во Идризово.

Потоа што беше изведена вежба за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем. По вежбата Бојмацалиев изврши увид во текот на реконструкцијата на комплексот Центар за обука.

„На средба со раководството на Центарот за обука, бев информиран за генерацијата која обуката ја започна на 23.04.2023 година а која завршува на 27 април 2024 година. Вкупно кандидати се 508, од кои 416 машки и 92 женски, и досега сите успешно ги имаат завршено сите тестови. Во моментот се реализира последната активност од обуката – Логорување или полициско тактичка теренска обука, предвидена во наставната програма.

Во оваа прилика беше презентирана опремата која се користи за обезбедување на границите: BOLU – камера чијашто цел е собирање на податоци и информации, врши сликање и снимање; термална камера која се користи за ноќно наблудување за граничен надзор; Форд Рајнгер специјално моторно возило за наблудување на терен, опремено со термална- ноќна камера и дневна камера за обезбедување на државна граница“.

Слични содржини