Бомгартнер: Во суштински момент започнува мојата мисија во Северна Македонија

248 прегледи

Денес, македонскиот претседател, Стево Пендаровски ги предаде акредитивите на новиот амасадор на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер, кој во своето обраќање истакна дека Париз ја поддржува европската перспектива на Република Северна Македонија.

„Во нов и суштински момент започнува мојата мисија тука. Тоа се однесува на патот на интеграција во Европската Унија на Северна Македонија. Франција се залага за оваа перспектива која е се појасна по носењето на клучните и храбри политички одлуки“, истакна амбасадорот, Бомгартнер.

Дека постои зближување во поширока рамка, според новиот амбасадор, потврдува и фактот за новата стратегија на земјите од Западен Балкан.

На денешната свеченост се обрати и претседателот Пендаровски, кој посочи дека овие две земји отсекогаш биле блиски.

„Имено, нашите земји и народи отсекогаш биле блиски. Тие меѓу себе ја споделувале вредноста на националното мото и суштинската сила на Француската револуција – слободна, еднаквост и братство. Луѓето треба да имаат еднакви права и секој да биде горд на својата историја, па оттаму нашите две земји покажаа дека можат да се потпрат една на друга“, истакна Пендаровски во своето обраќање.

Слични содржини