372
Екс пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Силвана Бонева, на денешното рочиште за случајот против неа, во рамки на воведниот говор потврди дека обвинението е невистинито.
„Бев јавно линчувана со години, со конструираните големи лаги дека сум била рекордер во земањето на патни трошоци, потоа дека со криминални пари сум купила станови, со лагите дека сум стекнала фирми како СИЛБО, ЖИКОЛ, катна гаража во Прилеп, казино во Гевгелија, плантажи во Валандово и Дојран и многу други лаги, дури измислија и дека сум имала секс скандал, за сега да ми стават на грб и криминално дејание што не сум го направила“, посочи Бонева и додаде дека нејзините политички неистомисленици наметно поттикнуваат омраза и злоба против неа.