Борел: Израел го користи гладувањето на населението во Газа како оружје во војната

Тој сношти изјави во Советот за безбедност на ОН дека хуманитарната помош мора да се достави во Газа, каде што кризата е создадена од човечки фактор и нема природни катастрофи, поплави или земјотреси.

од Бети Божиноска
210 прегледи

Високиот комесар на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, изјави дека „Израел го користи гладувањето како оружје во војната“ и ја обвини земјата дека ги  блокира копнените рути кои се најдобар наќин за испорака на храна до стотиците илјади Палестинци што се соочуваат со глад во Појасот Газа, пренесува „Еуобзервер“.

Тој сношти изјави во Советот за безбедност на ОН дека хуманитарната помош мора да се достави во Газа, каде што кризата е создадена од човечки фактор и нема природни катастрофи, поплави или земјотреси.

„Тоа е вештачка криза и кога бараме алтернативни начини да обезбедиме поддршка по море или воздух, мора да го направиме тоа бидејќи природната поддршка на патиштата е затворена, всушност вештачки затворена, и гладувањето се користи како продолжена рака на војната,“ предупреди Боре.

Тој посочи дека таквата практика беше осудена во Украина и дека остата осуда мора да се примени и во Газа.

ОН објавија дека Светската програма за храна вчера испорача храна во северниот дел на Газа прв пат по 20 февруари. По проверка на израелскиот граничен премин „Керем Шалом“, шест камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа.

Хуманитарните организации со месеци се борат да достават помош во изолираното подрачје, иако некои приватни конвои успеаја да достават храна.

Еврокомесарот посочи дека ЕУ ги чека резултатите од трите истраги за израелските обвинувања дека 12 вработени во Агенцијата за палестински бегалци на ЕУ, УНРВА, учествувале во нападите на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година. Тојнагласи дека УНРВА постои само затоа што има палестински бегалци и ако ја нема, бегалеците се уште ќе постојат.

„Всушност, единствениот начин УНРВА да исчезне е овие бегалци да станат државјани на палестинска држава која коегзистира со израелската држава“, заклучи Борел.

Првиот чекор за да се постигне ова е Советот за безбедност на ОН едногласно да усвои резолуција за поддршка на решението на конфликтот со две држави и „дефинирање на општите принципи кои можат да доведат до тој резултат“, рече тој.

Борел ја нагласи масовната поддршка за ваквото решение.

„Тоа би било прекрасна можност да покажеме дека нашите принципи не се празни зборови“, истакна тој.

Слични содржини