Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јосеп Борељ најави дека во новите европски списоци со санкции ќе бидат вклучени 160 физички лица, меѓу кои претставници на бизнисот и членови на Советот на Федерацијата на Русија.
„Продолжуваме да ја затегнуваме мрежата на санкции како одговор на руската воена агресија против Украина: додадени се 160 лица од редот на олигарсите и членовите на Советот на Руската Федерација, белорускиот банкарски сектор, извозот на технологии за поморска навигација во Русија, криптовалутите “, напиша Борел на својот Твитер профил.
Според соопштението на Европската комисија, се воведуваат нови санкции против 14 олигарси и сопственици на големи бизниси „кои се вклучени во клучните сектори на економијата кои обезбедуваат значителен приход за Русија, како и членовите на нивните семејства“. Тоа се следните сектори: металургија, земјоделство, фармација, телекомуникации, дигитален сектор.
Покрај тоа, на списокот на санкции се вклучени 146 членови на Советот на Федерацијата на Русија кои одобрија договори за взаемна помош со ДНР и ЛНР.