Борел: Срцето на Европа е Западен Балкан

262 прегледи

Претпладнево на Самитот во Софија, во рамки на Берлинскиот процес, се обрати и шефот на дипломатијата на ЕУ кој упати силна порака, во која ги опфати и преговорите за членство на Скопје и Тирана кои се чека да бидат отворени.

„Западниот Балкан е во срцето на Европа и нивната иднина е во Европската унија, затоа нашиот ангажман бил и останува силен“, истакна Борел на Самитот.

Сепак, сржта на неговото излагање, го состоеше предизвикот кој го носи Ковид кризата, како и последиците од истата.

Борел потсети со колкава финансиска и материјална поддршка ЕУ му помага на регионот да се справи со оваа криза, вклучително и преку Економскиот и инвестициски план за западниот Балкан презентиран минатиот месец.

Слични содржини