Босанците и Непалците најбројни странски работници во Хрватска

од Milan1
20 прегледи

Во Хрватска, во моментов најмногу работни дозволи се издаваат на работниците од БиХ, потоа на имигрантите од Непал, а повеќето поплаки до народниот правобранител се однесуваат на неисплатени или намалени плати, поради прекувремена работа или работа без право на дневен, неделен или годишен одмор.

Заменик-народниот правобранител Дијана Кесоња на Форумот за урбана безбедност што се одржа во Опатија рече дека странските работници се жалат дека не им била укажана помош по повреда на работа, дека мораат да извршуваат работи кои не се предвидени во договорот за вработување, но и дека работодавците им се закануваат дека ќе добијат отказ или ќе им ги одземат пасошите доколку инсистираат на своите права.

-Општеството треба да биде подготвено за странските работници бидејќи тие се различни, што доведува до вербални и физички напади врз нив, предупреди Кесоња.

Слични содржини