142
Претседателот на Бразил, Лула да Силва, изјави дека е подготвен да дејствува како посредник меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, доколку е потребно, пренесува ТАСС.
„Ако можам да помогнам, ќе помогнам. Ако е неопходно да се биде посредник во мировните преговори меѓу Путин и Зеленски, нема проблем“, рече Лула во понеделникот на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Претседателот на Бразил рече дека е неопходно „да се соберат луѓе кои ќе бидат почитувани на преговарачката маса поради нивното влијание и да се вклучат“ во преговарачкиот процес.