Брисел го забрани „конвојот на слободата“ на своја територија

од Milan1
307 прегледи

По Париз, и градските власти на Брисел најавија забрана за протестот на камионџиите, наречен „конвој на слободата“, што е планирано да се одржи во понеделник во градот кој е седиште на ЕУ.

Протестите беа започнати во Канада на крајот на јануари, со цел да се укине задолжителната вакцинација против ковид-19 за прекуграничните возачи на камиони.

Протестите, кои ги блокираа клучните гранични премини меѓу САД и Канада и ја забавија трговијата и транспортот на стоки, по Отава беа планирани да продолжат во Европа, но европските метрополи брзо реагираа на рутата на „конвојот на слободата“ и ги забранија парадите со камиони на нивна територија.

Градоначалникот на Брисел, Филип Клоз, вели дека белгиската престолнина не може да биде заложник на демонстрантите и предупредува на силната реакција на полицијата и властите во целиот бриселски регион.

„Нема да го толерираме фактот дека протестот го блокира целиот главен град“, вели Клоз.

Во Брисел, кој поради присуството на институциите на ЕУ често се користи за одржување на европските демонстрации, наведуваат дека протестите прво треба да бидат одобрени од градските власти, додавајќи дека се уште не добиле такво барање од учесниците во „конвојот на слободата “.

Слични содржини