Телото на британскиот бизнисмен Кембел Скот (58) е пронајдено во вреќа со ананас во шумата Маконго, на околу 100 километри југоисточно од Најроби, Кенија, пренесува „Скај Њуз“.
Скот работел во фирмата за анализа на податоци „Фико“ и исчезнал пред девет дена за време на службено патување во Најроби, каде што присуствувал на конференција во хотелот „ЏВ Мериот“. Неговото тело пред три дена го откриле овчари, а првичните истраги укажуваат дека е задавен.
Според извештаите, Скот последен пат бил виден како излегува од хотелот со маж облечен во бела маица и сини фармерки. Заедно влегле во возилото и се оддалечиле. Според извештаите на локалните медиуми, полицијата уапсила таксист и келнер од ноќен клуб како дел од истрагата.
Очите на Скот беа извадени, а ушите му беа отсечени
Од комапанијата „Фико“ изрази длабока тага поради смртта на Скот, опишувајќи го како клучна фигура во нивниот меѓународен бизнис. И британското Министерство за надворешни работи потврди дека му дава поддршка на семејството на Скот и дека соработува со локалните власти во истрагата.
Локалниот функционер Томас Маита изјави за кенискиот весник „Стандард“ дека на Скот му биле извадени очите и му биле отсечени ушите. „Очигледно го мачеле“, изјавил тој.
„Убијците, исто така, му ги врзале рацете зад грб и го ставиле неговото тело во торба полна со зрели ананаси“, додаде тој.