203
Велика Британија ќе и достави на Украина стотици илјади парчиња артилериска муниција во 2023 година, соопштија од кабинетот на британскиот премиер Риши Сунак.
Според најавата, Велика Британија ќе го зголеми буџетот за вооружување на Украина од 250 на 304 милиони фунти за да обезбеди непречено снабдување со оружје на Украина во текот на следната година, пренесува ТАС.
Во 2022 година, Велика Британија испрати над 100.000 парчиња артилериска муниција во Украина.