Британија воведе нови санкции против Белорусија: „Нашите авиокомпании нема да имаат контакт со луксузната флота на Лукашенко“

од Stefanija Kuzmanovska

Обединетото Кралство воведе нови санкции против Белорусија, насочени кон економијата, трговијата и воздушниот сектор, објави британската влада.

Во соопштението на веб -страницата на владата на Обединетото Кралство се наведува дека санкциите се воведени поради наводно „упорно поткопување на демократијата и кршење на човековите права“.

– Овие санкции покажуваат дека Велика Британија нема да ги прифати постапките на (претседателот на Белорусија Александар) Лукашенко по наместените избори. Индустриските производи на државните компании на Лукашенко нема да се продаваат во Велика Британија, а нашите авиокомпании нема да имаат контакт со неговата флота луксузни авиони – изјави британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб.

Кога станува збор за воздушниот сообраќај, на белоруските компании им е забрането да го користат британскиот воздушен простор и да слетуваат на територијата на Велика Британија.

Санкции беа воведени и против рускиот бизнисмен Михаил Гуцериев поради врски со Лукашенко.

Слични содржини