Британската полиција уапсила 4 лица, влегле во имотот на премиерот

од Milan1
10 прегледи

Британската полиција соопшти дека вчера уапсила четири лица кои влегле во имотот на премиерот Риши Сунак на северот на Англија, инцидентот што се случи за време на изборната кампања за парламентарните избори закажани за 4 јули.

„Во текот на денот уапсивме четири лица кои влегле на имотот на премиерот во Северен Јоркшир, се вели во соопштението на локалната полиција.

Полицијата брзо реагирала, односно веднаш штом лицата влегле на имотот.

Приведени се луѓе на возраст од 20 до 52 години од различни градови во државата, кои „се уште се во притвор, а истрагата е во тек“, прецизира полицијата.

Слични содржини