Британскиот адмирал Сер Тони Радакин изјави дека Украина победува во војната и дека нејзиниот „опстанок е загарантиран“, пишува Би-Би-Си.
Радакин ја коментирал и желбата на Шведска и Финска да се приклучат на НАТО, велејќи дека тоа е „нова победа за Украина“ во војната против Русија.
– Јасно е дека Украина победува, а Путин губи. Украинците победуваат затоа што се борат за да преживеат.
Тој исто така додаде дека „Украина ги брани глобалните вредности“.