Командантот на британската армија, генерал Сер Марк Карлтон-Смит, превидува дека војната во Украина ќе заврши со „военa и тактичкa пат позиција“, пишува Би-Би-Си.
Карлтон-Смит изјави за тинк-тенкот „Policy Exchange“ дека руските сили се во средината на „оперативна пауза“ додека се прегрупираат пред очекуваната офанзива во источна Украина.
– Дали ова ќе се покаже како решавачка битка или не, засега не знаеме. Но, ние моментално ги набљудуваме и ги мериме случувањата на бојното поле во денови и треба да предвидиме што ќе се случува во наредните месеци, ако не и во години. Најверојатниот исход на краток и среден рок е воена и тактичка пат позицијаво Донбас, во кој рускиот режим ќе прогласи одреден успех, што подоцна ќе послужи како потенцијална почетна точка за нова воена операција, рече Карлтон-Смит и додаде дека на нов „замрзнат конфликт“ сигурно нема да ѝ одговара на Европа.