Британски научници го посочија основниот проблем во светската наука. Според нив, тоа е дека истражувањата не се преведени на англиски.

Image: 0101686933, License: Rights managed, Euthanasia, conceptual composite image., Property Release: No or not aplicable, Model Release: No or not aplicable, Credit line: Profimedia.cz, Sciencephoto
Според мислењето на научните работници од англиското говорно подрачје, широката популарност нема како да ги снајде нивните колеги, ако тие не ги објавуваат на англиски јазик.
Истражувањето на овој проблем е објавено во списанието PLOS Biology.
Над една третина од научните статии кои се пријавени во глобалната мрежа, не се напишани на англиски јазик. Конкретните бројки се однесуваат на областа во која главно работат оние кои го објавија ова истражување – Зоологијата.
Токму написите во оваа наука станаа предмет на вниманието на британските научници кои ги средуваа податоците со ресурсот Google Scholar.
Се покажало дека од 75 илјади документи, вклучувајќи статии, книги и дисертации, 35,6% “не биле преведени на англиски. Од нив 12,6% се напишани на шпански, 10,3% – на португалски, 6% – на кинески, 3% – на француски.
Анализираните од научниците публикации во Google Scholar содржеле текстови на 14 јазици. Авторите на студијата обрнале внимание на важноста од преводот на научните трудови на англиски јазик, кој според нивната гледна точка ја исполнува улогата на универзален јазик во научниот свет.