210
Британскиот министер за одбрана, Бен Вoлас изјави дека Русија планира наскоро да започне со нуклеарни стратешки вежби, па предупреди дека активностите на Кремљ, одат во погрешен правец и покрај напорите за дипломатско решение.
Велика Британија има податоци дека Русија учествува во плановите на таканаречени операции „лажни знамиња”, како изговор за напад врз Украина, но и за спроведување кибер напади и други дестабилизирачки активности, тврди Вoлас.
– И покрај зборовите, се оди во погрешна насока. Русите уште зголемуваат тактички единици. Планираат наскоро да започнат нуклеарни стратешки вежби, ние гледаме и други активности, појасни Вoлас за радио Би-Би-Си.