Британскиот нафтен гигант БП отпушти 4.700 работници и повеќе од 3.000 изведувачи

од Milan1
13 прегледи

Британскиот нафтен гигант БП ќе отпушти 4.700 работници и повеќе од 3.000 изведувачи за да ги намали трошоците, изјави извршната директорка на компанијата Мери Очинклос, пишува Политика. Таа најави дека компанијата ќе продолжи да ги намалува трошоците оваа година и во наредниот период.

„Ја разбирам и препознавам неизвесноста што ова ја носи за сите чии работни места може да бидат загрозени, како и ефектот што тоа може да го има врз колегите и тимовите. Имаме на располагање широк опсег на поддршка и ве молиме да продолжиме да покажуваме грижа еден за друг“, рече Аучинлос.

Минатата година, оваа комапнија започна план за намалување на трошоците за најмалку 2 милијарди долари до крајот на 2026 година. Планот делумно е дизајниран да ја оживее цената на акциите на компанијата, која падна за околу 20 отсто од минатата пролет.

Компанијата запре или паузираше 30 проекти од минатиот јуни за да се фокусира на оние кои заработуваат најмногу пари, пишува „Блумберг’. БП продолжи да заостанува зад другите нафтени компании за време на мандатот на Аучинлос, а нејзината пазарна вредност е половина од онаа на конкурентот Шел. Падот на БП во последните години ги одразува стратешките погрешни пресметки направени уште пред почетокот на мандатот на Аучинлос пред една година.

Фирмата го забави планираното намалување на производството на нафта и гас во февруари 2023 година, стопираше или паузираше голем број проекти за чист водород и во декември објави дека ќе го прекине целиот свој бизнис со ветер во морето.

БП, сепак, се двоумеше да се сврти посилно кон фосилните горива, како што бараа некои инвеститори, што го отежнува брзото вртење на бизнисот, велат аналитичарите, пренесува Танјуг.

Слични содржини