Британскиот премиер контра Трамп: Зеленски е демократски избран лидер

од Milan1
130 прегледи

Пристигна и реакцијата на британскиот премиер Кир Стармер на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е диктатор кој одбива да оди на избори.

Неговиот портпарол рече дека премиерот разговарал со Зеленски и ја изразил својата поддршка за него како демократски избран лидер на Украина, додавајќи дека одлуката да не се одржат избори за време на војната е сосема разумна и дека неговата земја го направила тоа и за време на Втората светска војна.

– Премиерот изрази и поддршка за напорите за постигнување траен мир што ќе ја одврати Русија од каква било идна агресија, соопштуваат од Даунинг стрит, каде што е седиштето на британската влада.

Слични содржини