Лабараторијата на ИЦГБ-МАНУ во периодот од почетокот на годинава, заклучно со 7. февруари годинава, утврди присуство на мутираниот сој од Велика Британија на Ковид 19, кај 45 пациенти, односно примероци од тестирани и заразени лица, информираа од Министерството за здравство.

Во оваа иста лабараторија, првиот случај на овој вид на Ковид 19 беше детектиран на 13. јануари.

Најприсутен е овој вид во моментов во Охрид и Прилеп, но детектиран е и во Тетово, Куманово, Штип, Велес.

Овие резултати се базираат на скрининг за присуство на 2 мутации кои го карактеризираат овој сој на најголем дел од новозаразените пациенти дијагностицирани во оваа лабораторија (>400), како и со секвенционирање на целите геноми на вирусите детектирани кај >50 од овие пациенти.

Анализите на МАНУ не утврдија присуство на британскиот сој на вирусот кај вработените на Клиниката за нефрологија каде за краток временски период беа заразени повеќе здравствени работници.

Министерството за здравство апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките кои се во интерес на заштита на здравјето на сите.

Слични содржини