Британско министерство за одбрана: Најверојатно следуваат тешки борби за Киев

од Milan1
184 прегледи

Најверојатно следуваат тешки борби во предградијата на украинската престолнина Киев, додека руските трупи ги задржуваат позициите источно и западно од градот, иако ограничен број единици се повлечени, се наведува, меѓу другото, во најновиот разузнавачки извештај на британското Министерство за одбрана.

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили се подготвуваат за нови напади во источниот дел на земјата, каде Русите го зајакнуваат военото присуство, откако претрпеле неуспеси во близина на Киев.

Во меѓувреме Украинската национална гарда објави видео снимка, на која наводно се гледа како се уништува непријателската опрема.

Слични содржини