Британско разузнавање: Русија би можела да изврши нов голем напад околу Нова година

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Постои „реална можност“ руските сили да извршат напади со долг дострел врз Украина во наредните денови за да го поткопа украинскиот морал во периодот околу Нова година, се наведува во новиот извештај на британското Министерство за одбрана.

Тие додаваат дека Русија од октомври спроведува серија интензивни напади на секои седум до 10 дена.

Последниот таков напад беше во четвртокот, меѓутоа, британското разузнавање очекува крај на тој модел и порано започнување на нападот.