Британското разузнавање има нов извештај за Украина

од Milan1
238 прегледи

Британското Министерство за одбрана во понеделникот објави дека напредокот на Русија кон Киев е забавен поради логистички неуспеси и жестокиот украински отпор.

„Поголемиот дел од копнените сили на Путин се уште се на повеќе од 30 километри северно од Киев. Нивниот напредок е забавен од украинските сили кои го бранат аеродромот Хостомел, клучна руска цел од првиот ден на конфликтот.

„Логистичките неуспеси и постојаниот украински отпор продолжуваат да го попречуваат напредокот на Русија“, се вели во соопштението на британското Министерство.

Тие наведуваат дека продолжуваат тешките борби околу Чернихив и Харков, но дека двата града се уште се под контрола на Украина.

„И покрај постојаните обиди да се сокријат деталите за конфликтот од руското население, руските вооружени сили беа принудени за првпат да ги примат жртвите“, велат Британците.

Слични содржини