Новата фабрика на британската кралска ковница The Royal Mint ќе користи нов хемиски процес на обновување на златото во панелите на лаптопите и мобилните телефони, дизајнирани од канадската компанија Excir.
Наместо да се преработува електронскиот отпад на високи температури во топилниците, новата фабрика ќе ги обновува благородните метали на собна температура. Покрај тоа, ќе биде можно да се обработи целата плочка.
Изградбата на фабриката започнува овој месец, а треба да профункционира следната година. Оваа фабрика треба да обработува до 90 тони печатени плочки од Обединетото Кралство неделно и од нив да добива стотици килограми злато годишно.
Royal Mint проценува дека 99 отсто од печатените плочки во Britanija во моментов се испорачуваат во странство за да се обработат на високи температури во топилниците. Како што количината на електронски отпад се зголемува секоја година, овој проблем само ќе станува се поголем.
Секоја година во светот се произведуваат повеќе од 50 милиони тони електронски отпад, од кои помалку од 20 проценти моментално се рециклираат. Доколку продолжи со истото темпо, во 2030 година ќе се произведат 74 милиони тони е-отпад.
Статистиката на Обединетите нации покажува дека во 2019 година светот создал 53,6 милиони тони електронски отпад. Гледајќи во Европа, најголем дел од ова ѓубре се произведува во Норвешка, околу 57 килограми по домаќинство. Британските домаќинства се виновни што создаваат 55 килограми е-отпад годишно. Ирците произведуваат 52,4 килограми, а потоа следи Швајцарија со 51,5 килограми е-отпад по домаќинство.